Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари: Данела Арсовска има проблеми со својот карактер

Таравари: Данела Арсовска има проблеми со својот карактер

Арбен Таравари, претседателот на Алијанса за Албанците, партија кога и даде поддршка на Данела Арсовска за време на локалните избори, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 ги искритикува карактерните особини на градоначалничката на Скопје.

-Таа има сериозни проблеми во функционирањето како човек, има карактерни проблеми. Има проблеми со сите и не знам со кого соработува. Времето ќе покаже, рече Таравари.

Градоначалникот на Гостивар додаде дека поддршката од АА за Арсовска дошла кога партијата соработувала со ВМРО-ДПМНЕи „немала избор“.



Слично

Поврзани вести