Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАРАВАРИ: Да ги внесеме Бугарите во Уставот, Македонците и Албанците да ги делат трите највисоки функции

ТАРАВАРИ: Да ги внесеме Бугарите во Уставот, Македонците и Албанците да ги делат трите највисоки функции

Да ги внесеме Бугарите во Уставот, Македонците и Албанците да ги делат трите највисоки функции, вели Арбен Таравари на прес конференција кој веќе ја најави претседателската кандидатура. 

Тој ги презентираше своите цели. 

„Имаме намера за прв пат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори. Сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем. Како што е познато, Северна Македонија е парламентарна република, а не претседателска или полупретседателска република. Покрај тоа, целиот наш политички и уставен систем е изграден по моделот на консензуална демократија меѓу двете најголеми националности, а тоа е санкционирано со воведувањето на Охридскиот договор во Уставот. Затоа, мојата претседателска платформа ќе се гради токму околу зајакнувањето на консензуалната демократија, во линија на мислата на Арбен Џафери. Моите партнери и јас целиме идното отворање на Уставот да вклучи три елементи:  Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот, Отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик и Изборот на претседател да се прави во Собрание а не повеќе преку избори. Ова е големата вест. На овој начин во иднина политичките сили што ги застапуваат двете најголеми националности заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции“, вели Таравари. 

Рече дека сега ја имаат можноста заедно да ја зајакнат консензуалната демократија на уставен начин. 

Слично

Поврзани вести