ТАРАВАРИ БИ ПОБАРАЛ ДА СЕ ТРГНЕМЕ ОД „ОТВОРЕН БАЛКАН“ - при изборен неуспех најави повлекување од политиката
Прво би побарал од европските политичари гаранции дека нема да има други услови за да го продолжиме европскиот пат. Второ, би побарал динамика за уставните промени. И трето е да се тргнеме од „Отворен Балкан“, вели Арбен Таравари, претседателски кандидат од коалицијата ВРЕДИ, во интервју за РСЕ. Тој најави повлекување од политиката при изборен неуспех.
-И во целиот западен свет е така, во сите развиени демократии е така. Ако изгубите избори, барем пред органите на партијата…иако кај нас имаше одредени случувања, не ми се дозволи од сопартијците барем едни избори да ги терам до крај. А јас им кажав, барам доверба од сите вас. Еден пар избори до 8 мај, ако не победиме на 8 мај, јас сум тука да дадам оставка и нема да има сила која може да ме запре да не дадам оставка – вели Таравари.
Таравари истакна дека не се чувствува како марионета ниту на Села, ниту на ВМРО-ДПМНЕ.
