Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАРАВАРИ БЕШЕ ВО ИСТАНБУЛ: Посети двајца повредени од пожарот во Кочани

ТАРАВАРИ БЕШЕ ВО ИСТАНБУЛ: Посети двајца повредени од пожарот во Кочани

Министерот за здравство, Арбен Таравари објави дека бил во Инстанбул во Турција каде ги посетил двајцата повредени од пожарот во Кочани кој се случи минатиот месец. 

Тој ја посетил болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул, каде што се Мартин и Борис, двајца млади кои се опоравуваат.

„Момчињата се подобри и тоа ме прави многу среќен. Не можам, а да не ја изразам мојата лична благодарност до д-р Мустафа Туран и нашиот конзул во Истанбул, Идриз Фазлиоски. Свежата болка на Кочани е донекаде ублажена, бидејќи Мартин и Борис се подобри и наскоро ќе ги пречекаме дома“, напиша министерот на социјалните мрежи. 

Во пожарот загинаа 62 луѓе, а има околу 200 повредени. 

Слично

Поврзани вести