Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари бара да се смени натписот на плочата за загинатите кај Вејце

Таравари бара да се смени натписот на плочата за загинатите кај Вејце

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, побара промена на натписот на спомен-плочата во касарната „Илинден“, посветена на загинатите припадници на безбедносните сили кај Вејце во 2001 година.

Реакцијата следува откако министерот за одбрана Владо Мисајловски положи цвеќе пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили и оддаде почит на загинатите припадници на Армијата и полицијата. Во објавата, Мисајловски наведе дека четворицата армиски припадници, заедно со уште четворица припадници на МВР, го загубиле животот „во одбрана на татковината“ кај Вејце.

Таравари оцени дека спорниот дел од натписот, во кој се користи формулацијата „албански терористи“, е навредлив и дискриминаторски. Според него, таков текст нема место во државна касарна на мултиетничка држава и побара од надлежните институции да интервенираат.

На 28 април 2001 година кај Вејце загинаа осум припадници на безбедносните сили: Роберт Петковски, Игор Костески, Миле Јаневски, Бобан Трајковски, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Бошко Најдовски и Кире Костадиновски. 

Слично

Поврзани вести