ТАРАВАРИ: Алијанса на Албанците дефинитивно на локални оди сама со свои кандидати
Алијанса на Албанците дефинитивно на локалните избори оди сама со свои кандидати.
Претседателот на партијата, Арбен Таравари вечерва изјави дека донеле таква одлука.
„И ултиматумот кој ни го поставија од Вреди, да одговориме до денеска исто како и предлогот да сме седнеле ние лидерите да сме кажеле кои ке бидат кандидатите за нас не е прифатлив и го отфрламе“, рече Таравари.
Тој не сакаше да потврди дали ова значи дека ја напуштаат Вреди. Инаку, претходно тетовскиот градоначалник Билал Касами кажа дека кој ќе се одвои од стадото ќе го изедат волци.
Слично
