Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари: Aко Алијансата на Албанците не освои ниту една општина, каков кредибилитет ќе имаме?

Таравари: Aко Алијансата на Албанците не освои ниту една општина, каков кредибилитет ќе имаме?

Министерот за здравство, Арбен Таравари во Топ тема на Телма изјави дека во Владата нема да имаат како партија кредибилитет без ниту една општина. 

Тој на локалните избори ќе биде кандидат за градоначалник на општина Гостивар. 

„Ние сме свесни дека членството не бара долу, дека мора да победиме и на овие избори да се етаблираме како партија“ - вели Таравари. 

Министерот рече дека сакаат промени во општеството и дека не се ничиј непријател. Вели дека според анкетите тој има голема доверба во Гостивар и е над Невзат Бејта од ДУИ. 

Aналитичарот Сашо Ордановски рече дека ретко се случува политичар да се откаже од министерско место за пониска функција. Сепак, според него овие партиски математики можеби и не се лоши или неточни. 

Аналитичарот Сефер Тахири вели дека има разочарување од кандидирањето на Таравари за локалните избори, затоа што народот во него гледал надеж, бидејќи граѓаните се лекуваат во болници каде условите се лоши. 

Слично

Поврзани вести