Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тања Фајон бара Софија да го тргне ветото за Македонија

Тања Фајон бара Софија да го тргне ветото за Македонија

Софија да го повлече ветото за Сeверна Македонија, ова што го прави е неодговорно, порача европарламентарката Тања Фајон. 

Таа бара ЕУ да ги почне преговорите со Скопје и Тирана. 

„Двете земји ги исполнија условите. Бугарското вето на С. Македонија, кое исто така ги нарушува односите меѓу колегите во оваа куќа, е неодговорно! Едностраните интереси или изборниот календар немаат никаква врска со критериумите што една земја мора да ги исполни за да започне пристапни преговори. Затоа ние ја повикуваме Софија да го повлече ветото. Северна Македонија помина децении на решавање на спорот за името со Грција. Кредибилитетот на Европската унија сега се тестира“, изјави Фајон. 

Европскиот Парламент започна дебатата по извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и за нашата земја. 

Eвропратеничка од Пратеничката група на Зелените, Тинеке Штрик исто така ја обвини Бугарија дека е деструктивна. 

Слично

Поврзани вести