Тандемот Николовски - Весковски започна со работа во СДСМ
Љупчо Николовски и Душко Весковски - новоназначените генерален секретар и оперативен секретар на СДСМ вчера започнаа со своите нови обврски во владеачката партија.
„Со организациониот секретар Душко Весковски денеска одржавме работен состанок со првите луѓе на општинските организации на партијата и градоначалниците од СДСМ. Разговаравме за новиот начин на работа на СДСМ, во интерес на граѓаните и забрзување на напредокот на државата. СДСМ се менува во интерес на граѓаните“, напиша синоќа Николовски на својот профил на Фејсбук.
Николовски претходно му ја предаде функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Трајан Димковски и од денеска ќе се посвети само како генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Весковски е директор на Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје.

