Економија, финансии, бизнис

Контакт

Танчерки приведени во Тетово и Гостивар

Танчерки приведени во Тетово и Гостивар

Во Тетово и Гостивар синоќа полицијата привела македонски и странски државјанки од Албанија и Србија кои ги забавувале гостите. 

Во периодот од 23.50 часот на 07.01.2018 до 01.25 часот на 08.01.2018 година полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на улица ,,Коле Неделкоски“ во Тетово, сопственост на Б.М. (36) од Тетово. За време на контролата во објектот се затекнати четири странски државјанки и една државјанка на Република Македонија како ги забавуваат гостите. Сите лица се приведени во полициска станица, а М.Д. (27), Л.А. (30), Ф.Т. (24) и С.Н. (30), сите од Република Албанија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, се задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Додека пак, синоќа во периодот од 02.30 до 03.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект во с.Равен, гостиварско, сопственост на Ј.А. од Гостивар. За време на контролата во објектот се затекнати две странски државјанки и пет државјанки на Република Македонија како ги забавуваат гостите. Сите лица се приведени во полициска станица, а В.Д. (21) од Република Албанија и М.Р. (27) од Република Србија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Слично

Поврзани вести