Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир каде се чува изборен материјал. 

Во Полициската станица Бит Пазар денеска е пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако ги видел полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Не е причинета штета на капијата, ни на изборниот материјал. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  Денеска гласаат затворениците, болните, лицата во старечки домови и дијаспората. 

Слично

Поврзани вести