Тамара ги истетовира Гоце, Даме, Јане и Питу Гули
Пејачката Тамара Тодевска објави фотографии со истетовираните имиња на националните херои Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и Питу Гули, односно стихот од националната химна кој пропушти да го отпее на приемот во амбасадата на САД во Скопје по што создаде негативни реакции во јавноста.
Тамара беше првопласирана според гласањето на жирито со песната „Прауд“ на евровизискиот настап минатата година, но пропустот во американската амбасада беше ставен во контекст на македонско-бугарските политички односи од страна на јавноста.
– Ветено, сторено – напиша Тамара откако ги објави фотографиите на Инстаграм.

Слично
