Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери закажа седница на Собрание веднаш по првиот круг претседателски избори

Талат Џафери закажа седница на Собрание веднаш по првиот круг претседателски избори

Оретседателот на Собранието, Талат Џафери, закажа пленарна седница на 24 април, односно неколку дена по првиот круг од претседателските избори.

На истата ќе се гласаат по втор пат дел од законите коишто претседателот Ѓорги Иванов не ги потпиша за да не стои неговиот потпис до новото уставно име.

Меѓу нив се и измените и дополнувањата на изборниот законик, но и закон за извршување на санкциите, закон за услуги, законот за јавен долг, законот за регистрирање на готовински плаќања, измените на законот за Влада

Џафери најверојатно ќе ги прати во Службен весник бидејќи на последниот брифинг со новинарите најави дека ќе го чекаат потписот на новиот претседател.

Нема одговор зошто ја закажа токму во среда седницата, иако тврдеше дека додека е во тек изборна кампања нема да закажува седници дури и да има договор за СЈО, но сепак дел од прописите се сметаат за реформски и истите го бара Европската комисија.


Слично

Поврзани вести