Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Талир“ повторно ќе тресе во СЈО: Осомничени ќе одговараат како во ВМРО ДПМНЕ се переле пари

„Талир“ повторно ќе тресе во СЈО: Осомничени ќе одговараат како во ВМРО ДПМНЕ се переле пари

СЈО продолжува со распити на осомничените лица во истагата „Талир“.

Откако во петокот пред тимот на Катица Јанева исказ не дадоа Емил Димитриев, Даниела Рангелова и Миле Јанакиевски, денес во СЈО се очекува да дојдат на распит и останати осомничени меѓу кои прв осомничен е лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Според доказите на СЈО, Груевски создал криминална група со помош на која незаконски стекнати пари ги внесувала во партијата како донации од физички лица. На таков начин дури 5 милиони евра биле уплатени на жиро сметката на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа со нив бил купуван недвижен имот, пасишта, ниви или вкупно СЈО нашло докази за договори за 78 недвижен имот. Истрагата се однесува за незаконско финансирање на партијата во периодот од 2009 до крајот на 2015 година.

„Мотивите на првоосомничениот биле исклучиво од лична природа и биле поврзани со зацврстување на неговата политичка моќ и позиција во партијата и во државата и во обезбедување на целосна контрола над политичката партија“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Помеѓу 14-те осомничени за случајот „Талир“, освен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се наоѓаат и повеќе високи функционери од партијата од кои најголем број се членови на Извршниот комитет. 

Осомничен за овој случај е и Мартин Протоѓер, член на Извршниот комитет на партијата и поранешен генерален секретар. Осомничени се и Емил Димитриев и Кирил Божиновски, како генерални секретари на партијата. 

Потоа Илија Димовски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, како и Иво Котевски и Александар Бичиклиски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. 

Под истрага на СЈО се и уште тројца партиски функционери.

Наводните донации се слевале на жиро-сметката на партијата, а биле уплаќани преку домашни банки. Тимот на СЈО набавил 11.866 такви уплатници напишани со ист ракопис, од фиктивните донатори, уплаќани во исти банкарски експозитури низ државата во временски распон од само 30 секунди.

Дел од истрагата е и изградба на главното седиште на партијата во Скопје од страна на градежната фирма Бетон. Според обвинителката, Фатиме Фетаи, несразмерноста во инвестицијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на Бетон се смета како донација од компанијата, што партијата не смеела да ја прими со оглед на тоа што градежната фирма извршува јавни работи. Се работи за огромна сума од два милиони евра.

Во СЈО денеска на распит дојде и екс началникот на 5та управа во УБК на МВР Горан Грујовски кој е осомничен во два други предмети Тврдина и Таргет.

Слично

Поврзани вести