Талат Џефери нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да формира повеќе пратенички групи
Според Спикерот Талат Џафери, нема правен основ пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да формираат повеќе пратенички групи.
Овој негов став следува откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ даде идеја да се формираат повеќе пратенички групи од таа парија, со цел таа да има повеќе механизми во собраниската сала, објави ТВ Сител.
Инаку, Деловникот овозможува пратеничка група да формираат најмалку пет пратеници.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, има има дури 44 народни избраници. Во минатото тој мекханизам го користеше и сега владејачката СДСМ.
Сепак, Џафери вели дека нема да дозволи такво нешто, бидејќи сега политичките прилики не биле исти.
Слично
