Талат Џафери за големите патни трошоци: Пратениците одговараат само пред граѓаните
Според претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратениците не може да сносат одговорност за исплатените патни трошоци, дури ако навидум тие изгледаат високи за граѓанскиот стандард.
- Јас не можам да утврдам дали има злоупотреба кај патните трошкови. Тоа в во рамки на Законот за плати и Комисијата за избори и именувања. Секој пратеник е потпишан и тоа е потврда дека доаѓа во Собранието. Деловникот и Уставот е таков, дава слобода самиот пратеник да одлучи како ќе делува. Одговорноста е само пред граѓаните кога ќе дојдат на избори и проблематично е да се постави мехамизам на казни, таа слобода на длеување е загарантирана со Устав, изјави спикерот во емисијата „25 Минути“ на Телевизија 24.
Според Џафери, пратениците треба да се во сала за да гласаат, па поради политичка одлука, не влегуваат на пленарна седница за да гласаат и со тоа го блокираат Собранието.
- Деловникот не може да се промени, затоа што прозилегува од Законот за плати. Има контрола низ процесот на исплати и тие се докажуваат со потписите на пратениците, рече Џафери, кој додаде дека активноста на народните пратеници во Собранието нема поврзаност со личните трошоци.
Од пратениците, чии сопрузи, деца и родители имаат домови во Скопје, со домови во најмногу пари за патни трошоци наплатила пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска. Истражувањето на ТВ Сител покажува дека за 11 месеци таа добила над 550.000 денари, а поседува два стана во Скопје. Едниот се води на име на нејзиниот сопруг и е со површина од 74 метри квадратни, а другиот се води на „имот на деца“ и е 54 метри квадратни. Осум од 73-цата пратеници кои лани за патни трошоци наплатиле 360.000 евра имаат станови во Скопје. Од Лозановска не е далеку ниту Панчо Минов, од пратеничката група на СДСМ, со исплатени 530.000 денари, иако неговата сопруга има стан во скопје. Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 365.000 денари за пат Скопје - Гостивар , иако дури четири стана прикажале како имот нејзините родители во Скопје.
Инаку најголема сума - по 50 евра дневно за патување во 2022 од Струга до Скопје довивал Мирче Аџиоски.
