Талат Џафери свика седница за избор на претседател на Собранието
Спикерот Талат Џафери најави дека утре ќе свика продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието.
Џафери во улога на претседавач вели дека штом Пендаровски го доделува мандатот тоа значи дека веќе е постигнат договор меѓу партиите и има собраниско мнозинство за избор на спикер на Собранието.
Седницата е закажана за во 15 часот.
Претходно Пендаровски треба да му го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Заев, во име на коалицијата ,,Можеме", којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, соопштија од кабинетот на претседателот.
