Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери свика прва собраниска координација по изборите

Талат Џафери свика прва собраниска координација по изборите

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги поканил координаторите на пратеничките групи денеска на средба на која се очекува да биде договорен терминот за одржување на првата собраниска седница по завршувањето на локалните избори и идните активности на Парламентот. 

Според инфиормации од Собранието, на оваа седница би требало на дневен ред да бидат верификација на мандатите на нови пратеници кои доаѓаат на местото на сега веќе избраните седум градоначалници од СДСМ, како и на местата на двајца пратеници од албанскиот блок кои поднесоа оставки. 

Собранието на Република Македонија не работеше повеќе од еден месец поради изборната кампања како и гласањето на локалните избори, но сега се очекува да продолжи да работи со полн капацитет иако постои закана опозицијата да најави бојкот по изборните резултати и нивното непризнавање, како и барањето за нови предвремени парламентарни избори.

Од собраниските активности се очекува, меѓудругото, продолжување на расправата за Законот за употреба на јазиците, избор на јавен обвинител, а во собраниска процедура за време на кампањата и меѓу двата круга на локалните избори влезе и Предлог на закон за урбано зеленило, предложен од ДОМ.

Слично

Поврзани вести