Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери си поднесе оставка

Талат Џафери си поднесе оставка

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска доцна попладне официјално си поднесе оставка пред да биде изгласан за нов технички премиер на преодната влада.

„Почитувани граѓани, само што ја поднесов оставката од позицијата претседател на Собранието. Со чувство на гордост и исполнетост зашто во двата мандати бев претседател на сите пратеници и граѓани; работев одговорно, професионално, независно и отчетно пред Вас. Така и ќе продолжам во следниот предизвик“, објави досегашниот спикер.

Џафери ќе го наследи Димитар Ковачевски во последните 100 дена пред парламентарните избори. Ковачевски денеска веќе ја поднесе својата оставка на позицијата премиер.



Слично

Поврзани вести