Taлат Џафери сепак нема да оди на Мечкин камен
Собранскиот спикер Талат Џафери сепак нема да оди за Илинден на Мечкин камен во Крушево.
Тој нема да ја предводи делегацијата на Мечкин Камен за одбележувањето на националниот празник 2 Август –Ден на Републиката.
Ова го соопшти собраниската прес служба. Делегацијата ќе ја предводи потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.
„Претседателот на Собранието Талат Џафери е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување“, информираат од собраниската прес-служба.
Спикерот на 24 јули беше примен на Инфективната клиника со симптоми на коронавирус, а тестирањата на Ковид-19 му биле негативни.
Оваа година Илинден ќе се одбележи под посебен протокол поради пандемијата.
Програмата во Скопје ќе се одржи на настан на кој ќе се обрати премиерот Оливер Спасовски.
Оваа година претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар Пелинце.
