ТАЛАТ ЏАФЕРИ СЕ ОБРАТИ НА АЛБАНСКИ ВО БРИСЕЛ - Левица вели дека тоа е дипломатски скандал
Спокерот Талат Џаџери нема конкретен одговор зошто пред два дена на Комитетот за надворешни работи во Брисел во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ се обратил на албански јазик, со оглед што македонскиот јазик и неговото крилско писмо според Уставот е службен јазик, како на целата територија во државата така и во меѓународните односи.
Џафери денеска беше на промовирање на првата генерација на апсолвенти на Универзитетот „Мајка Тереза“.
Но, откко се обрати, исто така само на албански јазик, тој ги одбегнал новинарските екипи.
А на таа тема денеска на таа тема се произнесе и пратеникот на Левица и лидер на таа партија, Димитар Апасиев.
Според него, Џафери тенденциозно неколку месеци во контиунитет правел свесно истиснување на употребата на македонскиот јазик, како во Собранието, така и во меѓународните односи. Нагласува и дека Џафери со обраќањето на албански јазик на Комитетот во Брисел направил дипломатски сканадал и освен што ги прекршил амандманот 5 од Уставот и Законот за употреба на македонскиот јазик, направил и кривично дело.
„Тој направи и кривично дело според наша проценка, тоа се кривични дела против честа и угледот од членот 178 и 179 од КЗ а тоа е повреда на угледот на Република Македонија и излагање на подбив на македонскиот народ со намера за исмејување, односно ако ја ставиме во коорелација со онаа несреќна изјава на португалската минситерка за Европа, тоа е еден координиран според нас обид за ставање во подредена позиција на македонскиот јазик, како единствен јазик за службена комуникација во дипломатските и надворешни односи“, изјави Димитар Апасиев.
