Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери: Рано е за анкетна комисија за трагедијата во Тетово

Талат Џафери: Рано е за анкетна комисија за трагедијата во Тетово

Засега е преуранета иницијативата за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Тетово, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот бруфинг со медиумите.

„Сметам дека иницијативата за Анкетна комисија е прерана, поради фактот што не се дадени целосни податоци од истражните и судските органи и обично Анкетните комисии во Собранието се формираат откако надлежните органи ќе завршат и дадат мислење или заклучок за тоа што се случило ", рече собранискиот спикер.

Според Џафери, Собранието не може да дејствува паралелно со судските органи и тоа би било класичен упад на законодавниот дом во работата на судството.

„Барањето е преурането, анкетна комисија не разгледува надлежности на извршни и судски органи“, додаде Џафери со став дека ваквата иницијатива дополнително е во функција на политичката изборна кампања.

Основањето на Анкетната комисија беше предложена од опозицијата, но бидејќи уставното име на земјата не беше споменато во предлогот, тоа беше одложено. Не е поднесена повторно.

Во трагедијата во Тетово, 14 луѓе го загубија животот, а 12 други беа повредени од пожарот што ја запали модуларната болница вечерта на 8 септември.

Истражните тела се уште не излегле со првичната верзија за тоа кои се причините што довеле до пожар во модуларната болница во која се лекувале пациенти со „Ковид-19“.


Слично

Поврзани вести