Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери откри зошто гласал „воздржано“ за одземање на платата на Груевски

Талат Џафери откри зошто гласал „воздржано“ за одземање на платата на Груевски

Талат Џафери, претседателот на македонското Собрание, заедно со опозиционерот Илија Димовски беа единствените кои гласаа „воздржано“ минатата  недела за дополнување на Законот за пратеници со кој се предвидува пратениците кои ќе имаат казна затвор од 6 месеци, да го изгубат правото на пратеничка плата, со што практично му беа одземени приходите на поранешниот премиер Никола Груевски кој три месеци е побегнат во Унгарија. 

Собранискиот спикер во синоќешното издание на дебатниот магазин на ТВ21 „Click Plus“ рече дека на пленарната седница кога се стопираше пратеничката плата на актуелниот азилант во Унгарија гласал воздржано бидејќи сметал дека не се во целост почитувани законските процедури.

Џафери смета дека доколку Груевски ангажира адвокат во врска со донесената одлука за стопирање на неговата пратеничка плата, може да го добие спорот и да си ги врати парите и тоа со камата.

За одземањето на платата на Груевски гласаше дури и Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ. Законските измени беа донесени со 53 гласа ‘за’ и 2 ‘воздржани’.




Слично

Поврзани вести