Талат Џафери објави видеа од штетите од „дивеењето“ пред Собрание
Првиот човек на Собранието Талат Џафери преку социјалните мрежи дистрибуираше три видеа од оштетувањата на зградата на Собранието како последица на насилните протести во текот на вчерашниот ден.
Спикерот протестот го нарече дивеење и напиша дека најостро го осудува хулиганството, насилството и поттикнувањето омраза.
„Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение“, напиша Џафери на Фејсбук.
Слично
