Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери: Не е син ми одговорен за институционален пропуст

Талат Џафери: Не е син ми одговорен за институционален пропуст

Се уште не е јасно како Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, успеа да „влезе“ во Академијата за судии и јавни обвинители, откако тој се најде на вчера објавениот список како еден од идните обвинители на државата. 

Поради оваа причина, претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека и неговиот син ги ужива истите права како и сите други.

„Кога се во прашање членовите на семејствата на функционерите, сензацијата е многу поголема. Да, антикорупциска имаше случаи од 2011 година наваму, но на крајот на 2022 година антикорупциската го запре тој процес и заклучокот е дека злоупотребата од мојот син не може да се провери или прашањата за институционални пропусти не се одговорност на мојот син. На крајот на денот, како и секое друго дете, и мојот син ги ужива истите права како и сите други во оваа земја“ изјави денеска Талат Џафери.

Академијата за судии и јавни обвинители не му го прекина образованието на Барлет Џафери и не го одложи неговото дипломирање без случајот да биде расчистен до крај.


Слично

Поврзани вести