Талат Џафери ќе се сретне со турскиот државен врв
Македонскиот спикер Талат Џафери ќе ја посети Турција каде ќе оствари средби со државниот врв.
Претседателот на Собранието предвидено е денеска да има средби со турскиот колега, спикерот на Големото национално Собрание на Турција Исмаил Кахраман, со премиерот Бинали Јилдирим, и со претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Џафери ќе го посети Мaвзолејот на Ататурк како и делот кој што беше бомбардиран во текот на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година. Дипломатските односи меѓу Македонија и Турција се воспоставени во 1992 година кога Турција ја призна Македонија под уставно име.
Слично
