Талат Џафери ќе го посети училиштето каде што протестираа родители Македонци
Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ќе ја посетио Општина Чашка, каде меѓудругото ќе го посети и основното училиште „Тодор Јанев“ каде што подолго време немаше настава и протестираа родителите Македонци против настава на албански јазик за ученици од другите села.
Владата во февруари објави дека со покровителство на Џафери е надминат проблемот и дека учениците се враќаат на настава.
Џафери ќе го посети и ООУ „Петар Поп Арсов" во село Согле. и ООУ „Лириа“ во Долно Јаболчиште, исто така во Општина Чашка.
Слично
