Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери кажа датуми кога би се одржале локалните избори

Талат Џафери кажа датуми кога би се одржале локалните избори

Локалните избори би се одржале на 3 или на 17 октомври годинава. 

Три можни термини за одржување на редовните локални избори наведе денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во согласност со уставните рокови за распишување редовни избори во рок од 70 до 90 дена пред завршување на мандатот на носителите на функции избрани на непосредни избори, Џафери рече дека првиот круг од овие избори би требало да се одржи на 3, 10 или на 17 октомври.

Бидејќи 11 октомври е државен празник, Џафери вели дека денот претходно не би требало да биде изборен.  Џафери би требало да ги распише изборите во периодот од 5 јули до 8 август, во зависност од тоа кој изборен термин ќе го изберат. Од  распишувањето на изборите почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија.

Слично

Поврзани вести