Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на договорот со Бугарија

Талат Џафери ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на договорот со Бугарија

Собранискиот спикер Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на договорот со Бугарија.

Џафери во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски наведува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.

Пред четири дена ВМРО - ДПМНЕ ја достави иницијативата.  Најавија дека доколку има забелешки во текстот, ќе ги отстранат. 

ВМРО-ДПМНЕ предлага референдумско изјаснување со прашањето дали сте за престанок на важењето на Договорот за пријателство со Бугарија.

Инаку, ДУИ неодамна соопшти дека Договорот со Бугарија, Договорот од Преспа и Рамковниот договор се нивни црвени линии и тие мора да се почитуваат. 

Слично

Поврзани вести