Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери: Измените на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазици нема да поминат

Талат Џафери: Измените на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазици нема да поминат

Талат Џафери, претседателот на Сабранието, вели дека предлог-измените на Законот за употреба на јазиците кои ги најавува ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат во Законодавниот дом бидејжи, според спикерот, за тоа е потребно двојно мнозинство односно Бадентерово мнозинство.

– Во Собранието има група закони кои се носат со двојно мнозинство  т.е. со Бадентеровото мнозинство  и секој подносител на таков предлог би требало да има предвид дека конечната одлука зависи од волјата на тие што се немнозински пратеници, а во оваа ситуација имајќи предвид дека мнозинството на немнозинските  пратеници или Бадентеровото мнозинство го сочинуваат пратениците Албанци, предлагачите треба да обезбедат таква согласност. Законот за употреба на јазиците е донесен со такво мнозинство и секоја измена содветно се донесува со такво мнозинство, вели Џафери.

Како што вели Џафери, мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците е необврзувачко и институциите се тие кои треба да обезбедат услови за истиот да функционира во праксата, особено во спорниот дел од правосудството.

- Впрочем секоја институција е должна да обезбеди  инфраструктура за да ги спроведе законите онака како што ги донел законодавниот дом, рече Џафери.


Слично

Поврзани вести