Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери им се налути на Заев и Мицкоски, го одложија пописот на два дена пред да започне

Талат Џафери им се налути на Заев и Мицкоски, го одложија пописот на два дена пред да започне

Спикерот Талат haафери категорично изјави дека двајцата лидери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ - Зоран Заев и Христијан Мицкоски не можат да го редефинираат законот за попис на населението, особено за делот од регистрацијата на дијаспората, која сега ќе трае се додека не заврши теренското испитување предвидено од 1 до 30 септември.

- Си има Закон и Устав. Како да им објаснам јас на над 100.000 граѓани на Република Северна Македонија дека на прес-конференција е одложен пописот? Ова е држава која има ред. Има Закон и Устав. Нема да зборувам ништо додека не видам предлог-закан пред мене. До тогаш ќе ги видиме сите процедури, рече претседателот на Собранието во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Зборувајќи за синоќешниот договор меѓу премиерот Заев и лидерот на опозицијата Мицкоски се осврна на законските процедури за менување на законот за Попис, кој за резидентното население е предвидено да започне на 1. април.

Според Џафери, за да се промени законот за Попис и тој да се пролонгира за септември како резултат на договорот меѓу Заев и Мицкоски потребно е многу повеќе време од два дена колку и преостануваат до првичнопредвидениот старт на 1 април.

„Дури и ако се донесе по брза постапка и со европско знаменце сепак постојат процедури кои треба да се запазат.“, смета Џафери, кој додаде дека лидерските средби се вонинституционални, а законите се носат и менуваат во институциите, во кои си има посебни закони, процедури и временски рокови кои треба да се запазат. И


Слично

Поврзани вести