Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талат Џафери и Горан Мисовски повикани во Обвинителството

Талат Џафери и Горан Мисовски повикани во Обвинителството


Собранискиот спикер Талат Џафери и неговиот заменик Горан Мисовски се повикани во Обвинителството за организиран криминал каде што треба да дадат исказ за настаните на 27 април Станува збор за постапка по службена должност, а за тоа како Џафери е избран за претседател на законодоавниот дом, по пријава од пред една година на битолско патриотско граѓанско здружение.

Битолското здружение бара да се истражи дали на 27 април во законодавниот дом се случило велепредавство, злоупотреба на службената положба, противзаконско посредување, самовластие и насилство спрема претставниците на највисоките државни органи.

Основното јавно обвинителство кон средината на ноември информира дека отворило истрага за начинот на кој е избран Џафери за претседател на македонското Собрание. 

Покана од обвинителството добиле и други пратеници кои учествувале на собраниската седница на 27 април.



Слично

Поврзани вести