Тактика на поранешниот собраниски спикер: Вељаноски на распит се бранел со молчење
Денешниот распит на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, во јавното обвинителство траел мошне кратко затоа што пратеникот се бранел со молчење.
Поранешниот собраниски спикер бил повикан на разговор како еден од петтемина осомничени организатори на настаните во Собранието на 27 април, но Вељаноски се повикува на пратеничкиот имунитет кој инаку не му беше симнат во законодавниот дом.
Алсат објави дека тој прво сакал да направи увид во доказите, па дури потоа да го даде својот исказ за настаните и неговата улога во крвавиот четврток. Засега Вељаноски не одговара ниту дали поднесол барање до претседателот Ѓорѓе Иванов за помилување.
Вељаноски на 20 февруари беше повикан во Основниот суд Скопје 1 во рамки на орипурената истрага за 27 април, а на излегување кажа дека не е организатор и не чувствува одговорност, како и тоа дека 10 години бил претседател на Собранието и било срамота што е осомничен за такво нешто.
