СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ: Таксист во Битола нападнал малолетно девојче
15 годишно девојче било жртва на сексуално вознемирување од страна на таксист. Случајот бил пријавен од мајката на девојчето.
Девојчето влегло во такси-возилото, по што му кажала на возачот да ја превезе до улицата каде што живеела. Откако тргнале со возилото, според изјавата на пријавителот, такси-возачот почнал разговор, по што во еден момент се завртил и со раката ја штипнал за образот. Пред да стигнат во нејзиниот дом истиот посегнал со раката на задното седиште и ја допирал за градите.
Слично
