Таксист прегази три ученички во Чаир, итно се пренесени во болница
Фото: Алсат
Таксист претпладнетоп денеска во Чаир удри во три ученички на 10 метри од пешачкиот премин на булеварот Христијан Тодоровски Карпош.
Сител пренесува дека девојчињата биле на возраст од околу 12 и 13 години и дека се пренесени со брза помош во болница. Булеварот Христијан Тодоровски Карпош е затворен за сообраќај во еден правец.
Алсат објави дека едното од децата е во тешка состојба. Според очевидци на настанот, возилото удрило во нив додека тие ја поминувале улицата на пешачки премин. Сите се итно префрлени во болница.
На местото на сообраќајката увид врши екипа на МВР.
Слично
