Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таксист доживеал срцев удар додека превезувал патник - му се слошило и удрил во дрво

Таксист доживеал срцев удар додека превезувал патник - му се слошило и удрил во дрво

Повозрасен скопјанец кој работел како таксист доживеал срцев удар додека работел и превезувал патник. Поради срцевиот удар му се слошило и изгубил контрола над возилото поради што излетал од патот и удрил во дрво. 

Иако бил пренесен во болница, за жал докторите не можеле да сторат ништо за да го спасат. 

- На 31.05.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво. 

По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје - соопштуваат од МВР. 

Слично

Поврзани вести