Такси во Охрид ќе се плаќа 100 денари од старт
Советот на Општина Охрид донесе одлука за зголемување на цените на такси-превозот, која ќе стапи на сила на 6 мај.
Новата тарифа предвидува стартна цена од 50 денари и 50 денари за секој изминат километар, додека ноќната тарифа изнесува 100 денари старт и 50 денари по километар. Досега стартната цена беше 50 денари, а секој нареден километар чинеше 35 денари преку ден (од 05 до 23 часот) и 45 денари во ноќниот период (од 23 до 05 часот).
Со цел да се спречат можни злоупотреби, таксиметрите сега се баждарени и технички обезбедени, така што тарифите не можат да се менуваат по волја на возачите. Дополнително, постои иницијатива ценовниците задолжително да бидат истакнати на видливо место на возилата, најчесто на вратата. Целта е патниците да бидат јасно информирани и да се спречат честите злоупотреби од страна на дел од таксистите кои, наместо да возат по таксиметар, се пазарат со клиентите. Од такси-компаниите кои ги почитуваат законските прописи велат дека таквото однесување му нанесува огромна штета на имиџот на градот и на туризмот.
