Економија, финансии, бизнис

Контакт

Такси ќе може да се вози и без англиски јазик

Такси ќе може да се вози и без англиски јазик

За да се стане таксист веќе нема да мора да се знае англиски јазик.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува предложените измени во Законот за превоз во патниот сообраќај, со кои се укинува обврската за таксистите за познавање англиски јазик, по поминатата собраниска процедура во прво читање, набрзо да бидат изгласани од пратениците.

Овие измени како што потенцираше и  ресорниот министер, се прават на барање на такси превозниците

„ Целта е да им ги олесниме условите за работа и да им овозможиме на оние лица кои немаат одреден степен на познавање англиски јазик, а се заинтересирани и компетентни за услугата такси превоз, да се приклучат кон оваа дејност“,  изјави денеска Сугарески.

Според него, со измените воопшто нема да се доведат во прашање безбедноста во сообраќајот и квалитетот на извршување на такси превозот.

Собранието вчера на предлог на Министерството за транспорт и врски ги усвои измените во Законот во патниот превоз, во прво читање. Законските одредби со кои таксистите добија обврска за задолжително познавање англиски јазик како услов за добивање лиценца беа изгласани во 2013 година, а стапија во сила од почетокот на минатата година.


Слично

Поврзани вести