Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАКОВ ЛУНА ПАРК НЕМА ВО РЕГИОНОТ: Ѓорѓиевски најавува готов забавен парк до јуни 2027 година

ТАКОВ ЛУНА ПАРК НЕМА ВО РЕГИОНОТ: Ѓорѓиевски најавува готов забавен парк до јуни 2027 година

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во неодамнешното гостување во ТВ Сител, рече дека до петок ќе се распише постапката за изградба на нов Луна парк во Скопје.

„Луна паркот за којшто ќе биде распишана постапката до петок оваа недела, чини некаде околу 10 милиони евра. Тоа значи дека за еден мандат на градоначалник два луна парка ги губеле граѓаните поради вакви работи. 

Она нешто што ќе се гради таму а би отпочнало наредната година ќе биде нешто што ќе биде не само гордост на Скопје туку и гордост на Македонија а и на целиот регион, затоа што такво нешто нема во регионот. Тоа ќе биде практично уживање и за нашите генерации кои што немале можност во минатото и ќе имаме можност заедно со нашите деца и со внуци да отидеме таму и да уживаме во таа забава. Рокот во кој што планираме да биде завршен е јуни 2027 година“, рече Ѓорѓиевски.


Слично

Поврзани вести