Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таки Гогов од Велес ја претвора својата страст кон летањето во визуелна разгледница со убавините на Македонија

Таки Гогов од Велес ја претвора својата страст кон летањето во визуелна разгледница со убавините на Македонија

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа Македонија од птичја перспектива?

Како изгледаат градовите, планините, езерата и долините кога ги гледаме од неколку илјади метри височина – како жива, раскошна разгледница создадена од природата?

Токму таква можност нуди профилот „PlanePOV“ на социјалните мрежи, каде што љубителите на убавините на нашата земја можат да ја откријат Македонија од сосема нов агол – од небото. Преку впечатливи видеа, таму се редат македонските градови, природните богатства и пејзажите кои од воздух изгледаат уште помоќно, пошироко и повеличествено.

Зад овие визуелни приказни стои Таки Гогов (28) од Велес – млад, амбициозен и вљубеник во небото. Иако по професија е програмер, неговата вистинска страст е авијацијата. Паралелно со кариерата во технологијата, Таки посветено го гради својот пилотски пат: Веќе има стекнато приватна пилотска лиценца (PPL) и положено ATPL теорија во Малта, а во моментов ги собира потребните часови на летање во Македонија, во рамки на т.н. hour building фаза. Наскоро го очекува и следниот голем чекор – обуката за комерцијална пилотска лиценца (CPL) во Полска, со што се приближува до својата голема цел – да стане пилот во авиокомпанија.

Она што започнало како хоби, денес прераснува во вистинска воздушна галерија на Македонија. Преку „PlanePOV“, Таки не само што ја следи својата страст кон летањето, туку и им овозможува на луѓето да ја доживеат нашата земја од перспектива што ретко кој има можност да ја види – од висините на небото.

Целиот текст прочитајте го на  Женски Магазин.

Слично

Поврзани вести