Таки Фити: МАНУ ќе ги штити националните интереси
Претседателот на МАНУ Таки Фити во интервју за ТВ 24 посочи дека оваа престижна научна институција ќе ги штити македонските национални интереси.
Македонската академија на науките и уметностите нема да остане нема и ќе го каже својот став кога ќе ја види содржината од договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, истакна Таки Фити.
- Ние нема да прифатиме ништо што е омаловажувачко за македонските темелни вредности, посебно на идентитетските прашања, за македонскиот јазик, култура, идентитет, бидејќи тие прашања се дел од мисијата на МАНУ – рече Фити.
Слично
