Таки Фити го поддржа референдумот
Претседателот на МАНУ, Таки Фити, го поддржа референдумот и истакна дека истиот ќе успее во својот говор во Охрид на промоција на зборникот „За и од Киро Глигоров“. За претседателот на МАНУ, Таки Фити со Договорот од Преспа за Македонија се отвараат доста перспективи.
„Да се надеваме дека референдумот ќе помине. Знам дека не може ниту еден граѓанин комплетно да биде задоволен со решенијата на овој договор бидејки на крајот на краиштата променето ни е уставното име. Но, идентитетот е зацврстен, а референцата упатува само на географска одреденица и според тоа треба да гледаме напред и да се приклучиме кон НАТО, ЕУ и да ги отвориме преговорите кон ЕУ. Мислам дека со тој засилен мониторинг кој ќе го имаме и од НАТО и од ЕУ многу посилно ќе напредуваме во реформите“, рече аки Фити-претседател на МАНУ.
Фити додава дека она што е важно дека земјава успеала извонредно добро да ги реши идентитетските прашања.
„Тие се зациментирани и тоа по принципот Ерга Омнес. Колку и да не чинеше тој принцип за употребата на името и во меѓународни и во внатрешни размери овде сега по истата логика важи принципот Ерга Омнес. Дефинитвно не треба да имаме повеќе проблеми со признавање на македонскиот јазик, македонската култура, традиција, нашата посебност и тоа е добро“, додава Фити.
