Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТАКА ШТЕДАТ ДЕСНИЧАРИТЕ“: Власта крати пари од лицата со инвалидитет додека коленичи кај олигарсите, реагира остро Апасиев

„ТАКА ШТЕДАТ ДЕСНИЧАРИТЕ“: Власта крати пари од лицата со инвалидитет додека коленичи кај олигарсите, реагира остро Апасиев

Социјална држава од ЕУ, во просек, троши околу 7 отсто од државниот буџет за социјални трансфери наменети за разни бенефиции на лицата со инвалидитет. Македонија (која по Устав е „социјална држава“) - за лицата со инвалидитет (кои се околу 90.000 на број) - троши 0,0002 отсто од републичкиот Буџет, реагира денеска лидерот на Левица, Димитар Апасаиев.

-И пази сеа... Идат одвратните десничарски дарвинисти на власт, и на луѓево им кратат 165.000 ЕУР со ребалансов на Буџетот (од првично предвидените 80 милиони денари) - и тоа од веќе доделените средства, за кои има владина одлука и договор склучен со МТСП. Ете, така штедат ДЕСНИЧАРИТЕ - додека коленичат пред стопанските комори и договараат намалување на данокот на олигарсите!

p.s. На Мицко патувањето у Вашингтон со бизнис-класа да не го плативте со овие пари?, прашува Апасиев


Слично

Поврзани вести