Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Тајни служби“ го следеле Пендаровски за да му го фотографираат „југото“

„Тајни служби“ го следеле Пендаровски за да му го фотографираат „југото“

Премиерот Зоран Заев денеска на осмомартовски марш рече дека кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, е целосно безбеден и дека не верува дека го следат тајни служби.

- Се испостави дека го следеле, но со цел да го фотографираат со неговиот автомобил. Не постојат тајни служби во Македонија и Пендаровски е безбеден - рече денеска Заев.

Според премиерот, целта на „папараците“ бил да го „уловат“ Пендаровски со поскап автомобил. Во моментов национаниот координатор за НАТО во својот имотен лост има пријавено автомобил „југо“, што во секој случај го прави исклучиво скромен.

Истовремено Пендаровски и натаму не е убеден дека го следат тајни служби и рече дека поднел пријава во МВР против непознат сторител. Тој се повика на изјава на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дадена во јануари дека е можно некој од надвор да следи високи јавни личности, вклучувајќи високи црковни великодостојници.. 

Слично

Поврзани вести