Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тајани не сака Заев да ја добие Нобеловата награда за мир

Тајани не сака Заев да ја добие Нобеловата награда за мир

Антонио Тајани, претседателот на парламентот на ЕУ, нема да го поддржи предлогот македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас да ја добијат овогодинешната Нобелова награда за мир, објави „Ефимерида“.

Во прашање е иделошка поделеност, бидејжи Тајани е заменик-претседател на ЕПП, заедницата на европски десничарски партии, додека Заев и Ципрас предводат левоориентирани политички субјекти.

Како изговор за ваквиот потег тој ги наведе претстојните парламентарни избори во Грција. Ова го наведе на седница на Бирото на ЕПП во Атина.

– Нема да потпишам кандидатура за Нобелова награда за премиер пред избори – рече Тајани.

Претходно, поддршката за престижната награда по имплементацијата на Преспанскиот договор во Европскиот парламент ја потпишаа претседателите на Социјалдемократите, Уду Булман и Грен Скелер, и на Левицата, Гиби Цимер.


Слично

Поврзани вести