Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тахир Хани: Една од причините што го одложивме пописот е и бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ

Тахир Хани: Една од причините што го одложивме пописот е и бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ

Заменикот на генералниот секретар во Владата, Тахир Хани, во емисијата „Патот кон …“ на Тв Алсат рече дека најавениот бојкот од ВМРО-ДПМНЕ бил една од причините за одложување на пописот на населението за 1 септември, наместо да започне на 1 април.

Според функционерот на ДУИ, активностите на македонската опозиција во насока на бојкот на попишувањето, довело до размислување дека без учество на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, тоа немало да ги одразува реалните бројки на населението.

„Имавме реакција од македонската опозиција, односно од ВМРО-ДПМНЕ, која создаде клима со својата активност, дел од приврзаниците на ВМРО-ДДПМНЕ да можат да го бојкотираат пописот и со самиот факт дека тие би бојкотирале не би имале реален попис“, рече Хани.

Тој додаде дека секој попис треба да дава доверба кај граѓаните дека е реален и дека во овој поглед е само надминатат пречката пописот да не пропадне.


Слично

Поврзани вести