Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАГА ПО ПРЕРАНО ЗГАСНАТИОТ ЖИВОТ - почина советничката од општина Аеродром, Аида Хоџиќ

ТАГА ПО ПРЕРАНО ЗГАСНАТИОТ ЖИВОТ - почина советничката од општина Аеродром, Аида Хоџиќ

Голема загуба за општина Аеродром објави градоначалникот Златко Марин на својот фејсбук профил. 

Почина Аида Хоџиќ, советничката во Советот на Општина Аеродром. 

„Другарка која Општина Аеродром сакаше да е уште поубаво место за живеење. Другарка, секогаш насмеана, која сакаше на сите да им помогне. Ќе ни недостигаш Аида. Почивај во мир“, напиша на својот фејсбук профил првиот човек на општина Аеродром.

Покрај градоначалникот Марин, од оваа млада жена се простуваат и голем број роднини и пријатели преку социјалните мрежи. 

„Аеродром загуби свој советник, одлична личност, пријател, и наш сосед. Кога животот ќе згасне кај млад човек, без разлика на партиската провиниенција, можеме да кажеме само, почивај во мир Аида Хоџиќ....Нека Бог ти го осветли патот кон небото“, стои на фејсбук страната на Приказни на булеварот. 

Слично

Поврзани вести