Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Исчезнатиот стружанец, за кого од почетокот на неделава неговиот брат ја алармираше полицијата дека му се губи трагата откако заминал да собира печурки, е пронајден мртов во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне.

Како што информира, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, телото на 60-годишниот К.М. не покажувало траги на насилство, а смртта била констатирана од медицинска екипа.

Полициска екипа, во присуство на јавен обвинител, извршила увид на местото на настанот, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

Лицето беше пријавено за исчезнато во понеделникот доцна попладне во реонот на селото Брчево, каде што собирал шумски плодови и не се вратило во својата викенд куќа, а не била воспоставена ниту телефонска комуникација.

По него трагала екипа на полицијата, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвениот крст Охрид и локалното население.


Слично

Поврзани вести