Тачи си поднесе оставка
Првиот човек на партијата на ДПА Мендух Тачи си поднесе оставка на лидерското место.
Оваа информација ја соопшти лично Тачи на својот фејсбук профил.
„Драги пријатели, тукушто поднесов неотповиклива оставка од функцијата претседател на Демократската партија, во Управниот совет на ДПА. Со Демократската партија на Албанците колективно ќе раководи Управниот совет до вонредниот конгрес, а датумот на неговото одржување допрва ќе биде определен. За координатор на сите активности е назначен генералниот секретар господинот Азем Садику, додека јас ѝ останувам посветен на Демократската партија.
Ви благодарам“, напиша Тачи .
Слично
