Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тачи: Насер Зибери е терорист

Тачи: Насер Зибери е терорист

Насер Зибери е терорист од 1997 година од Гостивар и Тетово, рекол вчера претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи по средбата со граѓани од Гостивар Тој смета дека неговата партија ќе биде побединкот на престојните парламентарни избори. 

„Што го поврзува Али Ахмети со Насер Зибери? Југославија и национализмот на Насер Зибер. Насер Зибери е терорист од 1997 година од Гостивар и Тетово. Тој беше вицепремиер, каде државата тогаш убиваше со оружје и насилство, тепаше, малтретираше, затвори многу луѓе и ова е најсилниот аргумент што за среќа Бог ни дава дека овие двајца луѓе се поврзани со истата цел, доаѓаат од истиот извор и ние овие двајца ќе ги разделиме, изјави тој, пренесе Миа.

Тачи не се откажува од планот за дводомен Парламент. 

Слично

Поврзани вести